замрзнувач | м.

Голем фрижидер за длабоко замрзнување на прехранбени артикли: месо, зеленчук и сл. Замрзнувачот им беше полн со продукти.

замркне | св.

Дочека мрак, ноќ. Замркнавме пред да влеземе во селото.

замрмори | св.

Почне да мрмори; Штом ме видоа, замрморија со неразбирливи гласови.

замрсен | прид.

Што е заплеткан, исплеткан. Замрсен јазол. Замрсена волна.

замрси 1 | св.

За конец, за јаже, за коса и сл. – направи да биде во неред; заплетка, исплетка. Таа го замрси конецот со кој везеше. Ветрот ѝ ја замрси косата.

замрси 2 | св.

Почне да мрси, да јаде мрсна храна. Одвај дочека да заврши постот и да замрси.

замуабети | св.

Почне да прави муабет. Двете жени гласно замуабетија.

замука | св.

Почне да мука; мука. Наблизу некаде замукаа крави.

замјаука | св.

Почне да мјаука. На вратата замјаука маче.