замок | м.
Средновековен феудален дворец со тврдини. Кралски замок. Раскошен замок. Стари замоци.
замолзе | св.
Почне да молзе. Седна на столчето и ја замолзе кравата.
замоли | св.
Побара нешто со молење. Старицата го замоли детето да ѝ донесе вода. Тие ме замолија да ги оставам насамо.
замолк | м.
замолкне | св.
Престане да зборува, да пее и сл. Тој ја наведна главата и замолкна. Жените наеднаш замолкнаа.
замолница | ж.
Имам една замолница до тебе.
замолска | св.
Почне да молска. Од кај ридот замолскаа молњи.
замолчи | св.
замолкне_1 Тој замолчи и се загледа пред себеси. И двајцата замолчеа кога го слушнаа истрелот.
замоми | св.
Направи да стане мома, девојка. Ја замоми поповата ќерка.
замомчи | св.
Направи да стане момче. Тешкиот живот предвреме го замомчи.