лутина | ж.
Лут вкус. Се закашла од лутината на пиперките. Го изгоре лутината на ракијата.
лутица | ж.
Општ назив за отровна змија.
лутиче | ж.
Билка со златножолт цвет што расне по влажни места, ливади и пасишта; Ranunculus.
лутичок | прид.
лутникав | прид.
Што лути по малку, што не лути многу.
луто | прил.
Со лутина, налутено, гневно. Луто му зборува. Луто го кара. Луто го погледна.
луфа | ж.
Едногодишно растение кое многу потсетува на сунѓер, растителен сунѓер или сунѓереста тиква, служи за капење, миење садови и како индустриско влакно; Luffa.
луфт | м.
Празен простор меѓу две нешта што треба да бидат споени. Има луфт.
луфтира | св. и несв.
луцерка | ж.
Повеќегодишна мешунка во вид на детелина со многу подвидови, којашто се сее и коси како сточна храна; Medicago sativa. Ливада насеана со детелина луцерка. Сува луцерка.