лупка | несв.
Удира, тропа по малку. Лупка со играчката по подот.
лупне | св.
Лусака | ж.
Главен град на Замбија.
лусне | св.
Во клетва ‒ да се случи некому нешто лошо. Да луснеш. Нека луснат тие лошотии.
лустер | м.
Украсна светилка со една или повеќе светилки, што виси закачена на таван. Избриши го лустерот. На таванот светеше раскошен лустер. Стаклен лустер.
лустро | ср.
Лак, сјај.
лустроса | св.
Лакира.
лут | прид.
Силно гневен, раздразнет, налутен. Си идел дома лут. Лут е на брат му.
лута | несв.
Оди без цел, скита. Лута по улиците на градот. Лутаа сами во ноќта.
лутеница | ж.
Вид зимница од печен сечкан пипер, варени домати, лук и магдонос и цели лути пиперчиња.