настап | м.

Силно, нагло надоаѓање, појава на нешто (болест, расположение, војски и др.). Настап на лудило.

настапи 1 | св.

Стапне, згазне на нешто, нагази. Внимаваше да не го настапи босиот до него. Му се стори како да настапил змија.

настапи 2 | св.

За време – дојде, започне. Настапи долгото топло лето. Настапија студени, дождливи есенски денови. Настапија долгите зимски ноќи.

настаса | св.

Стигне, пристигне во одење, при движење. Сакаше да ме настаса, ама не можеше.

настега | св.

Со стегање, притискање направи во мал простор да собере нешто во поголемо количество. Ги настега кошовите со тутун. Сè што му требаше сакаше да настега во куферот.

настигне | св.

Стигне, пристигне некого во одење, при движење. Таа кола никој не може да ја настигне. Им реков дека ќе тргнам по нив и ќе ги настигнам.

настине | св.

Се разболе од настинка, добие настинка.

настинка | ж.

Често заболување поради достудување; настинување. Лесна настинка. Пролетни настинки.

настиска | св.

Со стискање смести нешто во што поголемо количество, настега, нагнете. Го настиска сеното во вреќата и ја крена на грб.