правина | ж.

Правда, правдина, справедливост. Правина и кривина. Оди по правината. Ќе излезе на видело правината што ја барам.

правителство | ср.

Управа, влада. Нивните жалби стигнаа и до правителството.

правичен | прид.

Правичен човек. Правични интереси.

правлив | прид.

правник | м.

Специјалист по право. Одличен правник. Дипломирани правници.

правнук | м.

Син на внук или внука. Бабите седеа пред порти и разговараа за своите внуци и правнуци.

право- 1 | претс.

Како прв дел од сложенки со значење што се однесува на прав 1, 2 и 3 (правоаголен, правоговор, правописен, правоверен).

право- 2 | претс.

Како прв дел од сложенки со значење што се однесува на право (правобранител, правосудство).

право | ср.

(само едн.) Систем од правила и норми што ги регулираат односите меѓу луѓето и односите кон општеството, востановени од страна на владејачката класа или државата. Римско право. Буржоаско право. Социјалистичко право.

право | прил.

По права линија, праволиниски. Одете само право и ќе стигнете. Тргна право дома. Седна право спроти него.