пржи | несв.

Готви храна во врело масло или маст. Пржи риби. Пржи јајца.

прзгал | ж.

Слаба, неплодна нива на рид. Гледаше во прзгалта на ридот.

при | предл.

Пространствено значење ‒ близина, наоѓање до некого или до нешто. При крајот на улицата се појави војник. Додека е мома при мајка дотогаш е бела - црвена.

при- | претс.

Претставка/префикс за образување глаголи, именки и придавки.

приапне | св.

Касне малку храна набрзина. Приапнаа по пат. Приапни, не оди гладен!

прибави | св.

Обезбеди, снабди некого со нешто. Тој прибави храна за една недела. Адвокатот прибави докази за судкиот процес. Студентите прибавија документи за упис.

прибегне | св.

Се потруди да најде решение со помош на нешто. За поголема ефектност режисерот прибегна кон поставување на нова сценска изведба. Полицајците прибегнале кон употреба на сила.

прибежиште | ср.

Засолниште. Сигурно засолниште им беше планинарскиот дом. Децата добегаа до стреата како привремено прибежиште.

прибележи | св.

Запише нешто, забележи. Новинарот ги прибележа заклучоците од конференцијата. Записничарот не ја прибележал мојата дискусија.