провреска | св.

Повреска кратко време; повреска малку. Жените проврескаа, нешто се случи.

проврие | св.

Почне да врие. Кога ќе проврие водата, се додава зеленчукот.

проврне | св.

Врне дожд, снег кратко време. Проврна, ама не засвежи.

проврти | св.

Направи дупка во нешто со вртење. Проврте една дупка на бастунот.

провртка се | св.

Се вртка непотребно некаде, кратко време. Дојде дома, се провртка малку и пак излезе.

прогимназија | ж.

Неполна гимназија (3 - 4 годишна) во однос на гимназиското образование од осум класа, по четиригодишното основно образование. Тој, четирите одделенија и прогимназија завршува во родниот град.

прогимназијален | прид.

Што се однесува на прогимназија. Прогимназијално образование.

проглас | м.

Писмено или усно јавно известување; објава; прокламација.

прогласи | св.

Објави, соопшти нешто. Претседателот прогласи вонредна состојба.

прогледа | св.

а) Почне да гледа по раѓање. Мачињата веќе прогледале. б) Почне пак да гледа, се врати видот некому. По операцијата на очите, прогледал.