распламени се | св.
Вивне во пламен. Огнот се распламени.
распламти | св.
Направи нешто да почне силно да гори; разгори, распали. Ветрот го распламти огнот. Тој со малку нафта го распламти огнот во печката.
расплапоти се | св.
(разг.) Почне да зборува многу, да брбори, да дрдори, раздрдори; плапоти. Група девојчиња се расплапотиле под прозорецот.
распласка се | св.
Почне да пласка зачестено, засилено, да удира произведувајќи специфичен звук. Таа се распласкала со рацете. Птицата се распласка со крилјата. Детето се распласкало со устата.
расплата | ж.
Пресметка, одмазда, расчистување сметки и долгови од различен вид. Еден ден ќе дојде времето за расплата.
расплати се | св.
Плати парични сметки, исплати, се ослободи од долг, заем и сл. По една година тој се расплати и никому веќе не должеше. Тие се расплатија и секој тргна по својот пат.
расплаче | св.
Направи некој да почне да плаче. Таа ги расплака присутните. Тој прво ќе ги расплаче децата, а потоа ги задева.
расплеска | св.
Почне да плеска зачестено, засилено, да удира по нешто да стане пошироко. Таа го расплеска лебот.
расплет | м.
Расчистување, размрсување на нешто, разврска. Таа го очекуваше расплетот од целата ова необична ситуација.
расплете | св.
Растури нешто сплетено. Таа го расплете волнениот шал. Тој ги расплете јажињата.