разбандори се | св.
Почне многу да зборува, да дрдори. Сосетките пред врата се разбандориле и не им текнува да престанат.
разбашкари се | св.
Се смести удобно, се расположи, се рашири; се распаше. Седна, се разбашкари како газда на куќата.
разбега (се) | св.
Побегне на различни страни, се распрсне на различни страни со бегање. Децата како пилци (се) разбегаа. Сите се разбегаа по нивите и по лозјата. Стадото (се) разбега исплашено.
разбелее | св.
Стане бел, побели. Зимата стигна, планината разбелеа.
разбере | св.
Сфати смисла, содржина, значење на нешто. Разбра или да ти повторам? Немој да ме разбереш погрешно, ќе биде така како ти што ќе речеш. Тој го виде и веднаш ја разбра работата. Слушаше вниматално, но не можеше да разбере ни збор.
разбеснет | прид.
Што е многу бесен, гневен, жесток. Разбеснети коњи. Разбеснето езеро. Разбеснети бранови.
разбесни | св.
Предизвика бес кај некого, направи некого бесен; разгневи. Лесно е човек да те разбесни кога ќе се смуртиш. Паролата што ја затече на ѕидот го разбесни.
разбива (се) | несв.
разбивач | м.
Тој што крши, обива. Тој беше обичен крадец, разбивач на визби од каде земаше сè.
разбие | св.
а) Со удирање или при паѓање направи нешто да се искрши на парчиња, да се распрсне. Ударот на топката го разби стаклото на прозорецот. Не сакаа со сила да ја рабијат вратата. Силните бранови ги разбија карпите. б) Со удар или при паѓање повреди некој дел од телото. Жалам што не му ја разбив веднаш муцката.