размав | м.

Силен замав, широчина на развој, обем, размер; засиленост на некоја активност, дејност или движење. Размавот на економијата се движи со засилено темпо. Творечки размав. Полн размав на нејзиниот глас.

размава 1 | несв.

Прави широки движења со рацете или со нешто друго; размавнува. Кога зборува, размава со рацете. Не размавај со стапот, ќе удриш некого.

размава 2 | несв.

Мава, удира на различни страни по некого или со нешто многу, засилено. Кога ќе се налути, размава со различни предмети по децата. Тој се налути и ги размава децата и жената.

размавне | св.

Направи силно, широко движење со рацете или со нешто; Ако размавне, сè ќе истурка. Размавна отсечно со раката и ги преврте чашите.

размавта | св.

Почне да мавта со раце или со нешто друго;

размагнетизира | св. и несв.

Престане, престанува да има моќ на магнет, престане, престанува да привлекува;

размати | св.

Направи нешто да биде матно со мешање, со матење. Таа ја размати водата во вирот.

размачка | св.

Со мачкање стави тенок слој, разнесе нешто по некоја површина. Таа го размачка маргаринот врз парчето леб.

размајтапен | прид.

Што сака да прави мајтап, да се мајтапи повеќе или уште повеќе. Размајтапено момче. Размајтапена младина.

размајтапи се | св.

Се подбие, се потсмее, направи шега, мајтап повеќе или уште повеќе. Младите момчиња се размајтапија.