страдалнички | прид.
Што се однесува на страдалник и на страдање. Страдалнички живот. Страдалничко лице.
страден | прид.
Што е исполнет со страдање, страдалнички, маченички. Страден живот. Страдна душа беше тој.
страж | м.
Стража. Над оваа грутка сме бдееле страж.
стража | ж.
Вршење на стражарска должност, чување, пазење од противникот, обично под оружје. Поставивме стража пред шаторот. Бев на стража цела ноќ. Стои на стража.
стражар | м.
Лице што чува стража, што врши стражарска служба. Стражарите ноќеска убиле една жена. Пред зградата стоеше униформиран стражар. Стражарот викна: Стој!
стражари | несв.
Врши стражарска служба. Пред вратата стражареше вооружен војник. Пред зградата стражареа двајца полицајци. Тој стражарел на брегот со големо копје в рака.
стражарница | ж.
Мала дрвена куќичка каде што се стражари. Се повлече во стражарницата да се заштити од ветрот. Пред стражарницата на мостот стоеше војник.
стражарно | прил.
Под стража, во придружба на стражар. Го спроведоа стражарно.
стражарски | прид.
Што се однесува на стража и стражар; што е во врска со вршењето стражарска должност. Стражарско место. Стражарска кула.
Стразбур | м.
Град во Франција.