убав | прид.
Што предизвикува пријатно естетско доживување, што е пријатен на изглед, што има добра форма, боја, што има добри карактеристики; што одговара на определени критериуми за убавина; грд. Убав човек. Убава жена. Убаво дете. Убави цвеќиња. Убав коњ. Убава куќа. Убав пејзаж.
убавее | несв.
Станува поубав од порано. Сонувам полево како убавее. Растеше синот, убавееше. Откако се задевојчи, почна да убавее.
убавец | м.
За маж ‒ тој што е убав, изразито убав маж. Вистински убавец.
убавина | ж.
Својство на тоа што е убаво по својот изглед, што е прекрасно. Девојката ја красеше невидена убавина. Самовилска убавина. Раскошна убавина. Убавините на мојата земја.
убавица | ж.
Избор на езерска убавица. Убавице моја!
убавка | прид.
Нема машки род. Што е убава, убаво. Убавко девојче. Убавко момче. Убавка е неговата ќерка. Млада, убавка жена.
убеден | прид.
Глаголска придавка од убеди.
убеди | св.
Увери во нешто, натера да поверува во нешто, да направи, да прифати нешто. Тој го убеди татка си да му купи нова кола. Ги убедил другарите да појдат в кино. Го убеди судијата во својата невиност.
убедлив | прид.
Што убедува, што потврдува нешто, што прави да се биде сигурен во нешто. Адвокатот изнесе убедлив доказ. Убедливи аргументи.
убедувачки | прид.
Што може да убеди, што убедува, што уверува во изнесеното, кажаното. Имаше убедувачки својства, убедувачка моќ.