Резултати за пребарувањето: види

види | св.

а) Насочи поглед кон нешто, опфати со сетилото за вид. Оддалеку видоа дим што се дигаше од селото. Тој виде на саемот многу нови производи. Од ридот го видоа езерото. б) Здогледа, забележи некого или нешто. Видовме како идат сватови. Тој нè виде кога влегувавме. На патот виде две жени.

види | изв.

При исчудување. Види, види, што голем маж си бил!

свиди | св.

увиди | св.

Согледа, сфати. Ја увиде грешката што ја направи. Тој уште млад увиде дека животот не е лесен. Таа навреме ја увиде бесполезноста од таа работа. Управниот одбор конечно ја увиде неактивноста на клубот.

видик | м.

Простор до каде што може да се гледа со голо око, што може да се опфати со поглед. Качен на столот добива поголем видик.

довиди | св.

Опфати со поглед, забележи. Не можеше да ја довиди во големата толпа народ.

завиди | св.

Почувствува завист спрема некого поради успех, среќа, убавина и сл. Понекогаш ми доаѓа да ти завидам. Сте покажале успеси на кои секој може да ви завиди. Му завидоа на заработувачката.

извиди 1 | св.

Проследи како се одвива нешто. Извиди ја работата па кажи што да правиме.

извиди 2 | св.

Види многу луѓе, многу нешта, види сè, се види со сите. Ги извиде сите роднини во Австралија. Извиде сè што можеше да се види.

навиди | св.

Посети некого, намине кај некого. Бев да ја навидам. Отиде да ги навиди родителите. Често ме навидуваат.