ешарпа | ж.
Параден офицерски појас. Носеше ешарпа од бела свила на која висеше меч.
ешко | м.
ешта | ж.
Апетит, волја. Има голема ешта. Гајдата свири, орото се врти, ама некако без ешта.
ештерица | ж.
Мал израсток, бронче на врвот од јазикот.
еј! | изв.
(разг.) За повикување. Еј, слушај! Еј ти, дојди ваму!
ењави се | несв.
Се тегави, дава отпор кон некакво дејство. Тој се оптегаше, се ењавеше, ама на крајот се согласи.
ж | глас
Глас, звучна согласка во македонскиот стандарден јазик, венечна според местото на образување, фрикативна според начинот на образување.
жаба | ж.
Водоземно животно со долги задни нозе приспособени за скокање на суво и за пливање во вода; Rana temporaria. Не се спиеше од жаби и од нивното крекање.
жабар 1 | м.
Лице што лови, фаќа жаби.
жабар 2 | м.