жабечки | прид.

жабешки | прид.

Што се однесува на жаба.

жабица | ж.

Дем. од жаба.

жабо | ср.

Пластрон од тантела, најчесто на женска облека, кошула или фустан што се носи под гушата, на градите.

жабок | м.

Мажјак на жаба.

жабра | ж.

Органи за дишење кај рибите и кај некои други видови водни животни. Рибите дишат на жабри.