впива | несв.
Прима течност. Капките што се цедеа песокта веднаш ги впиваше.
впие | св.
впика | св.
Втера, внесе сосила. Го искачи по скалите и го впика во една од собите.
впикне | св.
впише | св.
Додаде, вметне нешто со пишување. Авторот на трудот впишал на неколку места дополнителни податоци и објаснувања.
вплете | св.
Додаде, вметне нешто со плетење. Во чорапчињата вплете неколку разнобојни нишки.
вплетка | св.
Заплетка нешто. Еден сколовранец беше си ја вплеткал ногата во мрежата на една лоза.
вплови | св.
Влезе, навлезе со пловење. Утре еден танкер со нафта ќе вплови во пристаништето.
впрега | несв.
впрегне | св.
Стави животно во запрега или во јарем. Го впрегна коњот во пајтонот. Ги впрегна воловите во јаремот.