загуба | ж.
Губење, лишување од нешто или од некого. Го обземаше слабост поради загубата на крвта. Жалеше за загубата на својот пријател. Непријателот претрпел тешки загуби.
загубен | прид.
Што е изгубен, исчезнат привремено или трајно; загуби Загубен контакт. Загубена љубов. Загубени пари.
загуби | св.
Остане без нешто што го имал; изгуби. Вчера го загубив клучот од дома. По патот овчарот загубил една овца.
загуга | св.
За бебе – почне да гуга; гуга_1 Бебето загуга.
загугука | св.
загуди | св.
Почне да гуди. И пак загудија гуслите и ѕвекнаа чаши.
загука | св.
Почне да гука. Загукаа гулабите во гулабарникот.
зад | предл.
Местоположба од другата, задната, обратната страна на нешто, одзади. Зад ридот се крева густ чад. Децата се криеја зад тарабите.
зад- | претс.
Претставка/префикс со значење од другата страна на она што е означено со основата на зборот: задграничен, задгробен, заткулисен, задутре, затскрие.
задава | несв.