Резултати за пребарувањето: слог

слог 1 | м.

Дел од нива меѓу две бразди.

слог 2 | м.

Еден или повеќе гласови што се изговараат со едно издишување. Акцентот паѓа на третиот слог.

слог 3 | м.

Сложени печатарски букви во текст за печатење.

слога 1 | ж.

Целосна согласност во мислењето, постапките, желбите меѓу луѓето, поклопување на чувствата и волјата помеѓу две или повеќе лица. Живееја во слога и разбирање. Мир, љубов и слога посакуваа сите. Имаа слога во семејството.

слога 2 | ж.

Наредени дрва покрај ѕид; камара.

слоган | м.

Кратка фраза што се користи како основна мисла, содржина на нешто што им се предочува на другите, најчесто на широките народни маси во рекламирање на нешто, при политички кампањи и сл.; парола.

слогови

Зборот е поврзан со:

слогови

Зборот е поврзан со:

слогови

Зборот е поврзан со:

неслога | ж.

Немање слога; раздор, разногласје.