гушне | св.

Прегрне, стисне во прегратка. Го гушна и го бакна.

гуштер | м.

Влечуга со четири нозе и со долга опашка, се храни со инсекти; Lacerta.

гуштерник | м.

Место каде што има гуштери.

гљу! | изв.

За имитирање на гласот на мисирката.

гљуга | несв.

За мисирка – испушта глас „гљу“.

д | глас

Глас, звучна согласка во македонскиот стандарден јазик, забновенечна според местото на образување, експлозивна според начинот на образување.

да 1 | сврз.

За поврзување делови што се приредени и воспоставуваат составна врска меѓу себе, во примери на реченици кога второто дејство произлегува од првото. Таа не дојде, да затоа не сторивме ништо.Таа само зборуваше, да од неа до збор не можеше да дојде.

да 1 | чест.

За позитивен одговор, за потврдување. Дали ќе дојдеш? – Да.

да 2 | сврз.

За поврзување во зависносложени реченици.