да 2 | чест.

За истакнување и за потсилување на дејството во главните речници.

даан | изв.

Вообичаен изговор со кој се подражава биење на камбана, на часовник и сл. Часовникот отчука: даан, даан

даб | м.

Листопадно дрво со широки назабени листови и со плод желад; Quercus. Зад него се издигаше високата шума со ели, дабје и буки.

дабар | м.

Вид глодар со скапоцено крзно кој живее покрај вода; Castor fiber. Дабарот, опколен од ловци, го прегризува дрвото со забите.

даблика | ж.

Младо дабово дрво со низок раст. Замина меѓу дабликите каде што имаше премин.

Даблин | м.

Главен град на Ирска.

дабов | прид.

Што е од даб, што се однесува на даб. Дабова шума. Дабови гранки. Дабов мебел. Дабови порти. Дабови штици.

дабовина | ж.

Дабово дрво како материјал за обработка, за горење. Ѕидовите беа обложени со дабовина. Луѓето живееја од дабовината, носејќи ја во парчиња како техничко дрво.

дабовица | ж.

Дабов стап или прачка. Замавна со дабовица по момчето.

дабрава | ж.

Млада густа шума, обично дабова. Ги исплашивме враните во дабравата. Под голите ридишта имаше појас дабрава.