зрел | прид.
За плод – што стасал за берење, што узреал; узреан. Зрели јагоди. Зрели капини. Зрело жито.
зрелина | ж.
Плодовите беа набрекнати од зрелина.
зрнен | прид.
Што е во зрна;
зрнест | прид.
Што е во облик на зрна, што е во зрна. Зрнеста храна. Зрнести култури. Зрнеста структура.
зрнешник | м.
Растение со ситни црвени плодови што расте во шуми и на ниви; Physalis alkekengi.
зрно | ср.
Ситен плод или семка. Зрно грашок. Зрно жито. Јадри зрна грозје.
зрнце | ср.
зузука | несв.
За инсект (пчела, мува и др.) – испушта звук што се претставува како „зу–зу”. Мувата ми зузукаше над главата.
зуи | несв.
Произведува, испушта звук на зузукање. Пчелите зуеја во расцветаната градина.
зуј! | изв.
Глас со кој се имитира зузукање на инсекти. Зуј–зуј! –пчелката леткаше од цвет на цвет