саатчиски | прид.
Што се однесува на саатчија; часовничарски. Саатчиски дуќан.
саатчија | м.
Тој што поправа или продава часовници. Познат саатчија. Имаше саатчија на аголот.
саач | м.
сабар | м.
Трпение, стрпливост
сабар(ли) | прид.
Трпелив, стрплив.
сабајле | прил.
Наутро. Сабајле стануваше рано. Заминуваат в недела сабајле.
сабајле | ср.
Утро. Сабајлето беше ведро.
сабајлешен | прид.
Што се однесува на сабајле; утрински. Сабајлешна средба.
сабајлина | ж.
сабота | ж.
Шести ден од неделата, ден по петокот. Таму сабота е пазарен ден. В сабота заминува. Во саботите планинареше.