нуспроизвод | м.

Спореден производ; производ што нема главно место во програмата на производството.

нуспросторија | ж.

Помошна просторија, таква во која не се седи, не се живее (бања, кујна, клозет и др.).

Нџамена | ж.

Главен град на Чад.

њ | глас

Глас, сонант во македонскиот стандарден јазик; не се јавува во почетокот на зборот, освен во туѓи зборови: Његош, Њутн, Њујорк.

Њаса | ж.

Езеро во Африка.

Њемен | м.

Река во Источна Европа.

Њу Делхи | м.

Главен град на Индија.

Њујорк | м.

Град и сојузна држава во САД.

Њукасл | м.

Главен град на сојузната држава Нов Јужен Велс, Австралија.