дукат | м.

Златник, златна пара (се употребувала и како женски накит). Ти праќам еден дукат од суво злато. Како месечина светеа на тебе дукатите.

дулак | м.

Превез. Беше во невестинска носија, со бел дулак на главата.

дуле | ср.

Вид земјен сад за вода со шопурче за пиење; барде. Се напи вода од дулето. Ги турна дулињата.

дулец | м.

Цевка на гајда во која се дува. Писката и дулецот ги мачкаше со маслиново масло.

дуљбија | ж.

Дурбин. Гледаше низ полето со дуљбија.

дум! | изв.

Збор за подражавање на звукот при пукање или при силен и краткотраен удар. Дум-дум-дум, татнеа ѕидовите. Чифтето мое направи едно дуум.

дума | ж.

(дијал.) Збор. В полиција дума не рече. Секоја негова дума кажуваше пророштво. Со други думи речено.

дума | несв.

Мисли, размислува. Цела ноќ думав. Удри, ич не думај!