евала | изв.
Браво, благодарам. Евала, дојдовте и вие во мојот дом.
евангелие | ср.
Името на четирите библиски книги од Новиот завет, напишани од апостолите: Матеј, Марко, Лука и Јован. Првото евангелие е според Матеј, еден од учениците на Исус Христос.
евангелист | м.
Еден од четворицата пишувачи на евангелијата. Матеј, Марко, Јован и Лука се четворицата евангелисти.
евангелистар | м.
Книга, зборник што содржи евангелија. Ист текст има и во Евангелистарот од Сава.
евангелија | ж.
еве | прид.
За посочување и за истакнување на предмети, појави и настани во непосредна близина. Еве, легни овде за две-три минути. Еве сум веќе на полпат од животот, а како да сум веќе во третиот период од животот. Еве, седми ден е веќе како воловите мукаат во плевната. Еве го детево што го баравте. евентуален, евентуалниот Можен, потенцијален, веројатен. Евентуалниот напад би ги загрозил сите.
евентуално | мод.
Можеби. Тој ќе се врати за пет, евентуално за десет минути.
евергрин | м.
Мелодии со трајни вредности што не губат од својата актуелност и слушаност. Тоа се песни што не се забораваат, вистински евергрини.
евза | ж.
евзалија | ж.
немен. по род. прид. Што е со каписли.