ѕрцки | и.

Ѕрцките ќе ти ги извадам!

ѕумба | ж.

Свирка. Ѕумба ѕуни, ечат барабани.

ѕун | м.

Метален ѕун на ѕвончето. Се изгуби ѕунот на клопотарецот.

ѕуни | несв.

Издава висок продолжен звук на метал или на стакло и сл.; ѕвони. Ѕунат црковните камбани. Ѕуни стаклото од малото прозорче. Ѕунат празните чаши.

ѕуница | ж.

(дијал.) виножито, божилак.

ѕунлив | прид.

Што ѕуни, што има својство да ѕуни; Убав, ѕунлив глас. Ѕунливо стакло.

ѕури | несв.

Несвесно гледа во нешто; упорно, без престан гледа во нешто. Старицата ѕуреше во жарта, а мислеше на синот. Седнат под мостот ѕуреше во реката.

и 1 | сврз.

Координациски, составен (копулативен) сврзник за поврзување делови со истореден однос:

и 2 | чест.

За да се нагласи нешто. И Јован ми е пријател. Сакам и ти да дојдеш.

и 3 | изв.

За да се истакне чудење. И, какво зеленило! И, што убаво дете!