и | глас
Една од петте самогласки во македонскиот јазик, самогласка од преден ред.
иако | сврз.
Во зависносложени допусни (концесивни) реченици, во составот на зависната реченица која претставува неопходен услов за вршење на дејството во главната реченица; блискозначен со допусни сложени сврзници и сврзнички состави од типот: при сè што, и покрај тоа што, без разлика на тоа што, без оглед на тоа што, независно од тоа што. Иако се браќа, тие не се чувствуваат блиски. Никој не ги казнува иако постои закон. Иако сме малкумина, не се предаваме.
ибис | м.
Птица од родот на штрковите со долг, црн подвиткан клун и со бели пердуви по телото, која старите Египќани ја сметале за света птица; Ibis religiosa.
ибрик | м.
(арх.) Висок бакарен или сребрен сад за течности (обично за вода) со конусно или топчесто тело со рачка, и со издолжен врат со проширена устинка. Ибрик од сребро. Стави вода од ибрикот. Ибрик со ракија.
ибришим | м.
Тенок свилен или памучен конец за шиење или везење. Црн ибришим.
ибришимарка | ж.
Вид тенка игла за шиење со ибришим.
ива | ж.
Вид врба со широки елипсовидни листови; Salix caprea.
Иванден | м.
Христијански празник што се празнува во чест на светителот Св. Јован Крстител, на 7 јули според православниот календар. Иванденски петок ‒ петокот пред Иванден; Иванденско цвеќе ‒ Salvia sclavia.
иверица | ж.
Табла, штица добиена со пресување од лепило и иситнето дрво, иверки.
иверка | ж.
Ситни дрвца, трески што отпаѓаат при сечење дрва. Оган од иверки.