обагри | св.

Обои со црвеникава, румена боја; Крвта му ја обагри кошулата.

обајцата | бр.

(само членувано) За лица од машки род или за лица од машки и од женски род – и едниот и другиот; двајцата. Обајцата знаеме што се случи. Обајцата молчеа. Си отидоа обајцата.

обара | св.

(нар. поез.) Пребара, претресе.

обарен | прид.

Што е малку сварен. Обарен компир.

обари | св.

Свари малку, провари нешто за кратко време во зовриена вода. Таа првин го обари карфиолот, а потоа го испржи.

обата | бр.

(без член се среќава само во народната поезија и во дијалектите)

обаца | св.

Извалка нешто. Тој ги обацал рацете.

обвива | несв.

обвивка | ж.

Тоа во што е нешто обвиено, завиткано, со што е покриено од сите страни. Воздушна обвивка. Кожена обвивка. Надворешна обвивка. Обвивка на плоча.

обвидели | св.

Прогледа, поврати вид. Луѓето како наеднаш да обвиделија.